Дома Трансфер зона Реал Мадрид веќе го закажал претставувањето на Мбапе?

Реал Мадрид веќе го закажал претставувањето на Мбапе?

Иако со последната изјава на оваа тема Килијан Мбапе најави и можно останување во ПСЖ, сепак Шпанците продолжуваат да пишуваат како преминувањето на Мбапе во Мадрид да е завршена работа.

Реал со месеци се обидува да го убеди Мбапе. „Кралевите“ минатото лето понудија околу 100 милиони евра, но ПСЖ ја одби понудата. На крајот на оваа сезона договорот на Мбапе завршува, па ќе биде слободен доколку има намера да го напушти Париз.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот новинар Хозе Педерол е убеден дека Мбапе преминува во Реал, па во програмата на „Ел Чирингуито“ објави дека Реал веќе подготвил се за претставување на големата француска ѕвезда. Тој се повика свои извори од клубот и истакна дека претставувањето на Мбапе ќе биде одржано во наредните два месеца, односно кон крајот на мај или најдоцна почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …