Во јануарскиот преоден рок Барселона направи полн погодок со трансферот на Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал.
Напѓачот од Габон пристигна бесплатно после проблемите во Арсенал, а во Каталонија игра како во најдобрите денови и редовни постигнува голови. Сега медиумите во Шпанија пренесуваат дека Барселона би можела во летото кое следи да доведат уште еден голгетер на Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Французинот Александар Лаказет ќе биде на мета на Барселона. Лаказет во јуни ќе биде слбооден агент затоа што му истекува договорот со „топџиите“ и Каталонците ќе се обидат да го убедат да се придружи на неговиот поранешен соиграч во нивните редови.
Ќе потсетиме, Барселона за на лето веќе ги договори трансферите на Андреас Кристенсен од Челзи и Франк Кеси од Милан.