Дома Трансфер зона Во Рома донеле одлука – Абрахам вреди 100 милиони евра!

Во Рома донеле одлука – Абрахам вреди 100 милиони евра!

Aнглискиот напаѓач Тами Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.

Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 23 гола на 40 натпревари во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Како еден од посериозните во својата намера се споменуваше Манчестер Јунајтед.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од Јунајтед имале намера и да започнат преговори, но пораката од Рома може лесно да ги откаже. Имено, кој го сака Абрахам ќе мора да плати 100 милиони евра, тоа е одлуката која ја донесе раководството на римскиот клуб.

Во овој момент вредноста на Абрахам на „Трансфермартк“ се проценува на 45 милиони евра, сепак тоа што има договор со Рома до 2026 година на италијанскиот клуб му дава за право да бара драстично повисока цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…