Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“: Дибала сака да работи со Симеоне!

„Мундо Депортиво“: Дибала сака да работи со Симеоне!

Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната како слободен играч и тоа е веќе јасно, прашање е само каде ќе продолжи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во редовите на Јувентус Дибала пристигна од Палермо во 2015 година, се шпекулираше дека може да премине во Интер, но тоа нема да се случи. Имено, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Дибала е најблиску до Атлетико Мадрид.

„Дибала сака да работи со Симеоне. Атлетико нема да ја пропушти приликата да доведе таков играч без оштета“, пишува „Мундо Депортиво“.

Сезонава Дибала постигна 13 голови и подели шест асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Најголемиот проблем на Аргентинецот се честите повреди поради кои ги пропушташе најважните натпревари на Јувентус.

За „старата дама“ на вкупно 281 натпревар постигна 112 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…