Дома Фудбал Останато Мајката на Манчини: Балотели требаше да биде повикан против Македонија

Мајката на Манчини: Балотели требаше да биде повикан против Македонија

Роберто Манчини е во тешка ситуација откако Македонија ја изненади Италија и ја победи во баражот за Светското првенство.

Италијанците напаѓаа преку целиот натпревар, но Трајковски нас ни ја донесе победата со гол во 92. Минута. Мајката на Роберто Манчини, Мариана Паоло во италијанските медиуми зборуваше за овој пораз на „Аѕурите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сигурно дека можевме да играме подобро, но фудбалот е таков. Се беше во наши раце, но за жал не бевме доволно конкретни во нападот. Јас верувам дека требаше да биде повикан Балотели за тој натпревар, тој е многу силен и тешко може да се запре пред голот“.

Донарума и Жоржињо ги истакна како едни од главните виновници.

„За жал направивме грешка како на Жоржињо. Не е за се виновен, но ако промашиш три пенали тогаш сигурно ќе биде тешко. Можеби и Донарума можеше подобро да интервенира при голот, но сега нема смисла за тоа да се зборува“, изјави мајката на селекјторот на Италија.

Како и да е Италија после Мундијалот во 2018 година ќе пропушти и уште едно Светско првенство во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти пред вечерашниот натпревар: Малкумина од вас новинарите веруваа дека ќе го одржам овој прес денес

Малкумина од вас овде веруваа дека ќе го одржам овој прес, но успеавме“, изјави Карло Анче…