Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Тотенхем, Стивен Бергвајн.
Холандскиот репрезентативец може да игра како крилен, но и како централен напаѓач, па поради тоа „росонерите“ веруваат дека би бил идеално засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот Холанѓанец не е во плановите на Конте и добива мала минутажа оваа сезона, па и самиот сака да ја промени средината.
Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент, кој е истиот агент и на Ботман, со кого „росонерите“ веќе имаат договор.
Малдини сака што поскоро да постигне договор со Холанѓанецот, а потоа да испрати понуда до Тотенхем.
#ACMilan are working for a double dutch signing with the agency Muy Manero, which represent Sven #Botman (Lille) and Steven #Bergwijn (Tottenham). They are #Rossoneri's main targets as new centre-back and winger. Opened talks for the summer #transfers window. #THFC https://t.co/TbB83wURAB
— Nicolò Schira (@NicoSchira) March 15, 2022