Дома Фудбал Англија Ливерпул со рутинска победа против Брајтон ја продолжи трката со Манчестер Сити 🎥

Ливерпул со рутинска победа против Брајтон ја продолжи трката со Манчестер Сити 🎥

Фудбалерите на Ливерпул денес на гостински терен го победија Брајтон со 2:0 во рамките од 29. коло во Премиер лигата.

„Црвените“ успеаа да дојдат до нови три бода и така да ја продолжат трката со лидерот Манчестер Сити. Ливерпул денес беше голем фаворит и таа улога гостите успеаа да ја оправдаат. До предност Ливерпул стигна уште во 19. минута кога голот за 1:0 го постигна Луис Диаз после асистенцијата од Матип.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И во продолжение од натпреварот Ливерпул го диктираше темпото. Одлична шанса во 57. минута имаше Мане, но неговиот удар заврши во пречката. Само четири минути подоцна Ливерпул дојде до водство. Досуден беше пенал кој го реализираше Салах.

До крајот Ливерпул го смири темпото на игра и го приведе натпреварот кон крајот. На табелата Ливерпул е второпласиран со 66 бодови и имаат три бода помалку во однос на Сити. Брајтон е на 13. позиција со 33 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…