Дома Фудбал Лига на шампиони Венгер: Фабињо глумеше за Санчез да добие црвен картон

Венгер: Фабињо глумеше за Санчез да добие црвен картон

Интер вчера на гости славеше против Ливерпул со 1-0, но не успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на второто полувреме Интер постигна гол за 1-0 преку Лаутаро Мартинез, меѓутоа само една минута подоцна пристигна шок за гостите.

Алексис Санчез заработи црвен картон кој предизвика многу критики, а се јави и легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кој го обвини Фабињо.

„Тенка е линијата меѓу тоа дали мамиш или си паметен. Фабињо во овој случај мамеше. Имаше контакт и не може да кажете дека тој беше доволен за жолт картон. Ако станеше побрзо, реакцијата од судијата ќе беше поинаква. Алексис ја удри прво топката и немаше намера да го повреди, а Фабињо го искористи тоа за да одглуми“, вели Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…