Eкипата на Фиорентина во драматичен натпревар се радуваше на победа против Аталанта со 2:3 и обезбеди пласман во полуфиналето на Копа Италија.
Уште во деветтата минута беше отворен резултатот. Криштоф Пјонтек од пенал погоди за водство на „виолетовите“. Аталанта се обидуваше да се врати и успеа. Давиде Запакоста стрелаше и на полувреме се замина со 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жереми Бога кон крајот на првиот дел ја погоди стативата, но во вториот после само десетина минути игра го пронајде патот до мрежата пресврт и водство на Аталанта. Фиорентина на 20 минути до крајот доби пенал и повторно одговорноста ја презема Пјонтек. Голманот Мусо го одбрани неговиот удар, но одбиената топка дојде до Полјакот не погреши и изедначи на 2:2.
Во продолжение гостите од Фиренца останаа со играч помалку откако Мартинез Кварта доби втор жолт картон. Фиорентина и со играч помалку успеа да дојде до победата и тоа голот на Никола Миленковиќ во 94. минута.
Фиорентина во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Сасуоло.