Дома Фудбал Останато Пред две години не знаеше дали ќе ја продолжи кариерата, а сега првпат освои медал на 32 години!

Пред две години не знаеше дали ќе ја продолжи кариерата, а сега првпат освои медал на 32 години!

Словенката Глорија Котник денес направи вистинска сензација на Зимските Олимписки игри во Пекиг. Котник освои бронзен медал во дисциплината паралелен велеслалом на сноуборд.

За неа ова е остварување на сонот затоа што никогаш до сега не била на победничкиот подиум иако има 32 години. До медалот дојде откако минатата година стана мајка и неколку месеци не тренираше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Очекувано кај неа дојдоа и солзи радосници, посебно затоа што во 2020 година самата не знаела дали ќе може да ја продолжи кариерата.

„Имав интезивен живот во последните две години. Работев со полна енергија, трчав, тренирав, патував…Таа ситуација ме скрши. Се чувстував уморно после секој мал напор, не можев да спијам без таблети против болки, не поминуваше еден ден без болка. Замислете како му е на еден спортист да не може да се качува ниту по скали“, зборуваше Котник.

После надминувањето на проблемите како што споменавме стана и мајка, за потоа да се врати на спортот и да стигне до овој медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…