Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
– Главна вест денеска е дека Ливерпул ја одби понудата од 100 милиони евра на Барселона за Филипе Кутињо (ОВДЕ).
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
– Монако покажува сериозен интерес за напаѓачот на Милан, Карлос Бака и во него гледа замена за Килијан Мбапе кој е на излезна врата од клубот.
Monaco are looking for a replacement for Kylian Mbappé with AC Milan striker Carlos Bacca being targeted. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/V3fNDpOER0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 10, 2017
– Барселона сеуште не може да постигне договор со Борусија Дортмунд за трансферот на Осман Дембеле. „Билд“ пренесува дека „милионерите“ одбиле понуда од 120 милиони евра, но дека преговорите ќе продолжат денес.
– Мурињо не се откажува од намерата да го донесе Герет Бејл во своите редови и спремил понуда од 110 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми (ОВДЕ).
– Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигнал договор со Сампдорија за трансфер на Патрик Шик. Напаѓачот не ги помина медицинските прегледи во Јувентус, но сега докторите му дадоа зелено светло да може да игра, па ситуацијата ја искористија „нероаѕурите“ и ќе го донесат во Милано за 30 милиони евра.
– Неверојатно: Манчестер Јунајтед можел да го донесе Иско во 2013 година, но скаутинг службата го откажала трансферот поради глупава причина (ОВДЕ).
– Борусија Дортмунд веќе интензивно бара замена за Осман Дембеле, а германските медиуми тврдат дека на списикот има две имиња – Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао и Максвел Корне од Лион.
– Само детали го делат Емре Мор од трансфер во Интер. „Нероаѕурите“ за крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд ќе и исплатат 15 милиони евра, но следната година бидејќи оваа сезона турскиот репрезентативец ќе игра како позајмен фудбалер.
– Барселона во „невозможна мисија“. Медиумите тврдат дека Каталонците се спремни да испратат богата понуда младата ѕвезда на Реал Мадрид (ОВДЕ).
– Шпанскиот весник „АС“ тврди дека ПСЖ сеуште не го исплатил трансферот на Нејмар, па поради тоа Барселона сеуште не му ја праќа потребната документација (ОВДЕ).
– Англиските медиуми тврдат дека Ибрахимовиќ е многу блиску до останување на „Олд Трафорд“ и дека започнале преговорите со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката.
– Фиорентина го комплетираше трансферот на Марко Бенаси од Торино. „Виолетовите“ за италијанскиот репрезентативец ќе платат 10 милиони евра, плус 2 милиони како бонуси.
– Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп спрема големо изненадување во случај Кутињо да замине од „Енфилд“ и да се пресели во Барселона (ОВДЕ).
– Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за играчот на Барселона, Сержи Роберто и дека е спремен да ја активира откупната клаузула. (ОВДЕ)
-Неверојатно: Шпанските медиуми тврат дека Реал Мадрид се вклучил во траката по Осман Дембеле и сака да го украде пред носот на Барселона (ОВДЕ)