Дома Трансфер зона Барса спреми 80 милиони евра за фудбалер на „кралевите“!?

Барса спреми 80 милиони евра за фудбалер на „кралевите“!?

После веста дека Жозе Мурињо спремил 110 милиони евра за Герет Бејл, од Шпанија ни пристигнува нова интересна вест поврзана со продажба на фудбалер на Реал Мадрид и тоа не во било кој клуб туку во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, Барселона има намера да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио и за неговите услуги е спремна да понуди огромни 80 милиони евра.

Асенсио договорот со Реал го продолжи минатото лето и во истиот беше вметната клазула според која тој може да го напушти клубот доколку некој клуб понуди 80 милиони евра, сумата која Барселона е спремна да ја плати. Во тој случај, како што е познато клубот од Мадрид не би се прашувал ништо.

Медиумите шпекулираат и дека на управата на Реал би можело и да и одговара ваков развој на ситуацијата со оглед на тоа што доколку навистина го доведат Килијан Мбапе ќе мора да издвојат 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…