Дома Трансфер зона Клоп молчи, но спрема големо изненадување

Клоп молчи, но спрема големо изненадување

Во моментов трансферот на Кутињо од Ливерпул во Барселона е најголемата трансфер сага.

Шпанските, но и британските медиуми не мируваат. Од вчера наутро пишуваат дека претставниците на Барселона пристигнале во Англија, каде што треба да се сретнат со управата на Ливерпул и да ги договорат последните детали во врска со трансферот. Се споменува цена од околку 120 милиони евра, што би било најскапо засилување на Барселона во историјата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес дури некои новинари тврдеа дека добиле понуди до Барселона за медиумско следење на претставувањето на Кутињо на Камп Ноу. Сепак, Ливерпул не се огласува, додека новинарите блиски до клубот тврдат дека ниту една понуда на Барселона не пристигнала на клупската адреса, уште од онаа од 72 милиони, која беше одбиена.

Клоп јасно изјави дека Кутињо не е на продажба, но ако спротивно одлучат сопствениците на Лиерпул од „Fenway Sports Group“, тогаш и Клоп ќе мора да попушти. Наводно, Кутињо изјавил дека сака да си оди во Барселона, но само ако се раздели со пријателски услови и да не уценува никого.

Во исто време, Јувентус не се откажува од Емре Џан и сака да го доведе во своите редови, но Германецот со турско потекло му кажал на Клоп дека е подготвен да остане уште една сезона и да се бори за местото во првиот состав. „Старата дама“ е подготвена да плати 25 милиони евра, додека Ливерпул бара 35 милиони.

Доколку споменатото сценарио се случи, Ливерпул подготвува изненадување во видот на Артуро Видал од Баерн. Имено, од Баерн јасно кажаа дека не сакаат да разговараат за сума помала од 60 милиони евра, што за Ливерпул нема да биде проблем доколку го продадат Кутињо, а Чилеанецот наводно сака да си замине поради лошите односи со Анчелоти.

Ни остануваат уште 20 дена до крајот на трансфер периодот, а англиската Премиер лига започнува овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…