Дома Топ вести Мората веќе се договори со Барса, Јувентус преговара со Икарди

Мората веќе се договори со Барса, Јувентус преговара со Икарди

Новиот тренер на Барселона, Чави сака да го доведе Алваро Мората во јануарскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогашниот играч на Реал Мадрид, сега го носи дресот на Јувентус, но во италијанскиот тим игра како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Јувентус сигурно нема да го откупи Мората за 50 милиони евра, па е спремен да го пушти уште во јануари доколку донесе замена.

Последните информации од Шпанија се дека Мората веќе ги договорил личните услови со Барселона и чека „зелено светло“ да се пресели на Камп Ноу.

Задоволен од ваквиот трансфер би бил и Атлетико Мадрид, кој би добил пари кои би ги искористил да го доплати трансферот на Антоан Гризман токму од Барса.

Јувентус е во напредни преговори со Икарди и во него гледа идеална замена за Мората. Аргентинецот може да пристигне на позајмица од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…