Дома Фудбал Останато Како Ибрахимовиќ за малку ќе го претепал Алегри?

Како Ибрахимовиќ за малку ќе го претепал Алегри?

Златан Ибрахимовиќ од јануари 2020 година е член на Милан и тоа му е втор „мандат“ во овој клуб.

Претходно шведскиот напаѓач за овој тим настапуваше од 2010 до 2012 година, прво како позајмен играч од Барселона, а потоа Милан го откупи неговиот договор. Поранешниот директор на италијанскиот гигант, Адријано Галијани за италијанските медиуми откри некои детали од тој период.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, Милан во март 2012 година играше реванш натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите во Лондон против Арсенал. „Росонерите“ беа поразени со 3:0, но тој пораз не им значеше ништо со оглед на тоа дека во првиот натпревар славеа со 4:0 и поминаа во следната фаза.

Но, и покрај тоа Златан бил незадоволен од играта и самата припрема за натпреварот од Масимилијано Алегри кој тогаш го водеше Милан.

„Тоа беше ужасен натпревар. Влеговме во соблекувалната после натпреварот, а Ибрахимовиќ викаше како луд. Малку фалеше да го претера Алегри. Тој никогаш не беше среќен и задоволен, секогаш сакаше максимум“, раскажа Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…