Утре на програмата е големото дерби во ракометната Суперлига помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Пред овој натпревар од Е.Пелистер повикаа на хумана акција:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, порачаа од битолскиот клуб.