Mногу прашина се крена со премиерниот ждреб за осминафиналето од Лигата на шампионите кој се повторуваше поради техничка грешка.
„После техничкиот проблем со системот кој одредува кој клуб со кој може да игра се случија грешка во ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите. Поради таа грешката ждрепката ќе биде повторена“, објави УЕФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул на првиот ждреб го доби Салзбург, а потоа на повторениот топчињата им го одредија Ливерпул за противник во осминафиналето. Клоп, сепак е реален и порача дека ждребот морал да биде поворен.
„Го гледав првиот ждреб во живо и веднаш кажав дека нема шанси вака да остане. Се случи грешка и мораше да се повтори“, изјави Клоп кој потоа зборуваше за дуелот со Интер.
„Оваа година веќе бев на „Сан Сиро“ кога игравме против Милан. Сега повторно ќе одам на тој култен стадион. Добивме тежок противник и знам дека ќе имаме проблем да избориме четвртфинале. Но, Лигата на шампионите е такво натпреварување, тука се најдобрите клубови. Ние ќе играме против најсилниот италијански тим во овој момент“, заврши германскиот стратег.