Дома Фудбал Англија Евра: Карагер има помалку натпревари отколку Роналдо голови – како може да го критикува?

Евра: Карагер има помалку натпревари отколку Роналдо голови – како може да го критикува?

Роналдо вчера со два гола обезбеди победа за Манчестер Јунајтед против Арсенал.

Португалецот во овој натпревар испиша и нова историја станувајќи првиот играч кој постигнал 800 голови во официјалните натпревари. Комплименти на адреса на Роналдо пристигнуваа од многу поранешни и сегашни фудбалери. Патрис Евра во честитката кон Роналдо го нападна Џејми Карагер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Карагер често пати знае да го критикува Роналдо, а Евра смета дека не може тоа да го прави.

„Премногу зборува за Роналдо и не го разбирам. Луѓе како Џејми Карагер со 775 натпревари во кариерата зборуваат за Роналдо. Па тој постигна 801 гол, има повеќе голови отколку Карагер натпревари. Секој треба да знае за што може да зборува, а за што не“, смета Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…