Дома Фудбал Англија Рафа Бенитез пред отказ во Евертон

Рафа Бенитез пред отказ во Евертон

Во Евертон сериозно размислуаат за отказ за Рафа Бенитез поради слабата игра на тимот во претходниот период.

Капката која ја прели чашата е дебаклот од градскиот ривал Ливерпул (1:4), а какво разочарување беше овој натпревар за навивачите покажуваат снимките на кои може да се види како навивачите го напуштаат „Гудисон Парк“ после 20 минути кога Евертон губеше со 0:2.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лошата форма на Евертон трае од септември. Од тогаш запишаа само една победа и тоа против Норвич, два пати одиграа нерешено и редеа порази. Од последните седум натпревари Евертон изгуби дури шест.

Таквите резултати се сигнал до управата на „карамелите“ да го отпушатат Бенитез, па тоа би можело многу брзо да се случи. Медиумите на Островот пишуваат дека раководството одржало состанок после вчерашниот пораз и прашање е дали Бенитез ќе има прилика да го води тимот во наредното коло против Арсенал за викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус објави фотографија: Пред новата сезона е во страшна форма, но договор нема!

Винисиус Жуниор неодамна ја отфрли понудата од Реал Мадрид за продолжување на договорот. Н…