Дома Топ вести Зидан има идеја за Мбапе – Што ќе каже Перез!?

Зидан има идеја за Мбапе – Што ќе каже Перез!?

Се појавија информации и тоа во весникот близок до „кралевите“…

Наводно, Зинедин Зидан, не го сака Килијан Мбапе. Можеби звучи неверојатно, но Французинот смета дека Реал треба да го купи Мбапе и да го остави во Монако на позајмица уште една сезона, пренесува „Марка“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа е едната опција, втората е продажба на Герет Бејл.

Јасно е размислувањето на тренерот на Реал, Зидан не сака четири напаѓачи какви што се Бензема, Бејл, Роналдо и Мбапе бидејќи сите можат да играат на повеќе места во тимот, но тоа би можело да донесе и проблеми во соблекувалната поради барањето за не секој од нив за поголема минутажа.

Роналдо не сака да паузира, Бензема е неприкосновен поради тоа што најмногу дава на тимот, а Бејл секако дека ќе си го бара своето место. Зидан сака да им дава шанса на Иско и Асенсио, па со тоа би се расипале однонсите во соблекувалната.

Но, постои и друг проблем, Мбапе сака да замине од Монако, фудбалерот сака да излезе на големата сцена.

Како и да е, од преодниот рок останува уште нешто помалку од еден месец, па со оглед на тоа набрзо ќе го дознаеме крајот и на оваа сапуница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…