Дома Фудбал Анчелоти потврди: Перез има големи планови за следното лето

Анчелоти потврди: Перез има големи планови за следното лето

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има големи планови за следното лето.

Иако сите клубови имаат финансиски потешкотии поради пандемијата, сепак медиумите шпекулираат со големи имиња кои треба да пристигнат во Реал следното лето.

„Единствено нешто што се менува се тренерите. Остануваат исти работници, новинари и останато, и покрај финансиската криза. За една година, новиот стадион ќе биде отворен, а Перез има големи планови за во јули“.

„Често се зборува за Халанд и Мбапе? Ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време“, истакна Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…