Дома Фудбал Останато Навивач на Фенербахче починал по голот за победа против Галатасарај

Навивач на Фенербахче починал по голот за победа против Галатасарај

Вчера се играше големото дерби во турската Суперлига помеѓу Фенербахче и Галатасарај.

На крајот Фенербахче победи со 2:1 во драматична завршница и со гол во 94. минута. Шокантниот крај на натпреварот еден навивач го чинел живот. Ахмет Усал (60) натпреварот го гледал во еден локал, а кога неговиот тим постигна гол за победа тој починал како последица од срцев удар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Внукот на Ахмет Усал, Еркан Усал зборуваше за турските медиуми.

„Беше толку фанатичен навивач што на ѕидот на својата ќука имаше амблем на Фенербахче и турското знаме. Натпреварот беше возбудлив. Кога Фенербахче, тим кој толку многу го сакаше постигна гол се сруши на земја. Веднаш го однесовме во болница, но не можеше да се спаси. Нашата болка е голема“, изјави внукот Еркан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…