Дома Македонски спорт Мак ракомет Костески го водеше Е.Пелистер до убедлива победа против Прилеп

Костески го водеше Е.Пелистер до убедлива победа против Прилеп

Тимот на Еурофарм Пелистер стигна до лесна и убедлива победа против Прилеп (41:24).

Од почетокот на средбата битолскиот тим стави до знаење дека нема да има проблеми во овој натпревар. Предноста цело време беше на страната на фаворитот. Одличен настап забележа Ненад Костески кој доби шанса од Бабиќ и ја искористи. На полувремето пелистерци имаа предност од десет гола разлика (12:22).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Второто полувреме донесе измени и испробување на некои тактички варијанти, сепак победата во ниту еден момент не се доведе во прашање. Ненад Костески го заврши мечот со 11 гола и беше најефикасен натпреварот. Во редовите на Прилеп Александар Тренчевски постигна девет гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …