Дома Фудбал Пике: Правилата на Чави се медиумска измислица!

Пике: Правилата на Чави се медиумска измислица!

Чави Ернандез неодамна беше избран за нов тренер на Барселона, а многу шпански медиуми веднаш пишуваа дека се одлучил да воведе неколку нови правила.

После шест години кои ги помина во катарскиот Ал-Сад Чави се врати во Барселона и доби шанса да се проба на тренерската клупа на каталонскиот гигант откако Роналд Куман доби отказ.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Веднаш по неговото доаѓање во клубот се пишуваше за нови правила воведени во клубот. Едно од правилата посебно се врзуваше за Жерард Пике на кој Чави наводно му забранил приватни патувања во текот на сезоната.

Сега за сетоа тоа се огласи Пике и ги демантираше таквите информации.

„Луѓето премногу лесно веруваат во она што читаат во медиумите. Така доаѓа до „заблуда“. „Правилата“ кои Чави наводно ги вовел се една таква работа. Тоа е медиумска измислица“, порача Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реалов ултиматум до Французите: “Видете, тој мора да игра…”

Бразилскиот напаѓач Ендрик извесно ќе го засили Олимпик Лион во текот на јануари каде што …