Дома Трансфер зона Дибала НЕ сака во Барса – Откриена и причината!

Дибала НЕ сака во Барса – Откриена и причината!

Нејмар заминува од Барселона и тоа веќе им е јасно на сите, еден од фудбалерите кои се споменуваше како негова замена е Пауло Дибала.

Сепак. Фудбалерот на Јувентус нема да прифати трансфер во Каталонија, па дури и ако клубот од Торино се согласи да го продаде Дибала на Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, помеѓу Дибала и Јувентус постои вербален договор според кој Јувентус би го пуштил Аргентинецот да замине во случај на непристојна понуда, но агентот на фудбалерот ја известил Барселона дека нема потреба да преговара со Јувентус.

Причината е едноставна, Дибала верува дека не е замена за Нејмар бидејќи игра на друга позиција и стравува дека во формацијата 4-3-3, посебно доколку во клубот простигне Ди Марија, би бил само замена за Лионел Меси.

Фановите на италијанскиот клуб стравуваа клубот да не го продаде Аргентинецот  и како негов наследник да го прогласи Федерико Бернардески кој ова лето пристигна од Фиорентина, но тоа нема да се случи.

Дибала сака да остави длабока трага во Јувентус тој во италијанскиот клуб е прва ѕвезда на тимот и заедно со Гонзало Игауин е најплатен фудбалер во Серија А.

Покрај желбата на Дибала да остане, Масимилијано Алегри јасно стави до знаење дека Дибала и Алекс Сандро нема да го напуштат клубот ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…