Јирген Клоп смета дека неговиот тим одиграл скоро совршен натпревар против Атлетико Мадрид, а не му се допаднало што морал да го замени Садио Мане на полувреме.
„Црвените“ на свој терен славеа благодарение на головите на Жота и Мане. Шпанскиот тим од 36. минута имаше играч помалку затоа што директен црвен картон заработи Фелипе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Натпреварот беше скоро совршен, беше онака како што посакуавме. Постигнавме голови во вистински моменти. Јасно ми е дека навивачите сакаат повеќе голови и имавме прилики…Не ми се допадна што противникот доби црвен картон, не сакам кога играме против 10 играчи. Но крајниот резултат беше добар“.
Откри Клоп дека не му се допаднало и тоа што морал да го замени Мане.
„Мислам дека тоа беше добра одлука, но не сакав што морав да ја донесам. Не се плашев за тоа дека не може да ги контролира емоциите беше мирен. Се плашев што ќе се случи ако некој од играчите на Атлетико падне во скок. Можевте да видите што правеа, се фрлаа по теренот, се обидуваа да изнудат ние да добиеме исклучување“, изјави Клоп.