Дома Фудбал Нов проблем за Барселона: Пике е повреден

Нов проблем за Барселона: Пике е повреден

Жерар Пике е новото име на листата повредени во Барселона.

На вчерашниот натпревар против Алавес, Пике беше заменет во 68. минута од Клемент Ленгле. Иако прво изгледаше дека замената беше само од претпазливост, Барселона денес потврди дека Пике се здобил со повреда на мускулот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од клубот не соопштија колку точно Пике ќе биде надвор од терените, но она што е сигурно е дека ќе ги пропушти идните неколку натпревари. Покрај Пике на листата повредени во Барселона се: Брајтвајт, Дембеле, Педри, Араухо, Де Јонг, Фати, Роберто и Агуеро.

Барселона во овој момент се наоѓа во тешка позиција и повредата на Пике доаѓа во лош момент. Каталонците се наоѓаат на деветтото место во Ла Лига со само 16 освоени бодови во 11 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…