Дома Фудбал Аматерска одбрана на Јунајтед, Ливерпул си поигрува со „ѓаволите“🎥

Аматерска одбрана на Јунајтед, Ливерпул си поигрува со „ѓаволите“🎥

Најголемото англиско дерби почна на возбудлив начин и „црвените ѓаволи“ сигурно долго ќе го паметат, бидејќи Ливерпул на полувреме има водство од 0:4.

Одбраната на Манчестер Јунајтед направи неколку аматерски грешки, па „црвените“ ги казнија и лесно стигнаа до предност од 2:0 уште после 15 минути игра.

Кеита уште во 5-та минута погоди за 1:0, а неколку минути подоцна Жота зголеми на 2:0, после уште една грешка на одбраната на Јунајтед.

Во последните пет минути од полувремето Салах постигна два гола за целосен дебакл на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа ја затегна одбраната на Фулам: „Не е сè во моите идеи“

По шест кола без победа, Фулам врза два триумфа со 1-0. Арбелоа го промени пристапот, но г…