Дома Фудбал Познато колку време ќе паузира Лукаку

Познато колку време ќе паузира Лукаку

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку може да биде надвор од терените еден месец поради повреда на глуждот, со која се здоби на мечот против Малме во Лигата на шампиони.

Уште после мечот Томас Тухел откри дека Лукаку ќе пропушти неколку меча, а денес медиумите на Островот пренесуваат дека рехабилитацијата ќе трае околу 4 недели.

Добрата вест за „сините“ е што според програмата следните пет меча не се со толку тешки ривали. Челзи во следниот период ќе игра со Норвич, Саутемптон, Њукасл, Малме и Барнли.

Се очекува Лукаку да биде спремен за натпреварот со Јувентус во Лигата на шампиони кој е на програмата на 23 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ со јасна порака до играчите: Прво почит кон грбот на Партизан!

Пред дуелот со Земун, тренерот на Партизан ги постави приоритетите: одговорност кон клубот…