Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
-Главна тема во сите медиуми и денес е трансферот на Нејмар. Медиумите тврдат дека сагата е при крај и дека Бразилецот отпатувал за Катар каде треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да стане играч на ПСЖ (ОВДЕ).
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
– Барселона ги изненади сите: Каталонците се во потрага по замена за Нејмар, а поради потешкотиите да стигнат до потписот на Кутињо сега ќе се насочат кон ѕвездата на Арсенал, Месут Озил (ОВДЕ).
Barcelona will make a £53m move for Arsenal’s Mesut Özil if they can’t sign Philippe Coutinho. (Source: Don Balon) pic.twitter.com/jZXkH1eCQA
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 31, 2017
– Мурињо наскоро ќе добие две нови засилувања за својот тим. Трансферот на Матиќ наскоро ќе биде официјализиран, а англиските медиуми пренесоа дека Серж Орие од ПСЖ наскоро ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
– Иако Челзи за него понуди 70 милиони евра, Алекс Сандро сигурно останува во Јувентус и следната сезона, потврди тренерот Макс Алегри.
– Пеп Гвардиола продолжува со реконструкцијата на тимот, а англиските медиуми тврдат дека „отпишал“ уште тројца фудбалери (ОВДЕ).
– Шпанските медиуми тврдат дека Диего Коста е уморен да го чека Атлетико Мадрид и дека почнал сериозно да размислува за трансфер во Милан.
– Италијанските медиуми тврдат дека Рома е на чекор до големо засилување, остануваат уште детали од комплетирање на трансферот на Ријад Марез (ОВДЕ).
– Барселона не се откажува од намерата да го донесе Филипе Кутињо на „Камп Ноу“. Во Бразилецот гледаат идеална замена за Нејмар (ОВДЕ).
– Челзи се посериозно размислува за Ренато Санчез од Баерн Минхен. Конте смета дека Португалецот ќе биде идеална замена за Матиќ и наскоро ќе започне преговори со Баерн Минхен.
– Готово: Фиорентина потврди дека Интер ја активирал откупната клаузула на Матијас Весино. Уругваецот утре ќе пристигне на медицински прегледи, а Интер за неговиот потпис ќе плати 24 милиони евра.
– Италијанските медиуми пренсуваат дека Ибрахимовиќ му се понудил на Милан и сака да се врати на „Сан Сиро“ за годишна плата од 7 милиони евра. „Росонерите“ конечната одлука за неговото враќање ќе ја донесат после 15-ти август.
– Хесус Навас ја прифати понудата на Севиља и наскоро ќе се врати во својот поранешен клуб каде ќе потпише 3-годишен договор.
– Француските медиуми пренесуваат дека трансферот на Нејмар во ПСЖ ќе биде официјализиран во среда и дека „светците“ веќе ја организираат неговата презентација.
– Фиорентина веќе ја одреди земаната за Калиниќ кој е на излезна врата. „Виолетовите“ наскоро ќе испратат официјална понуда за Џовани Симеоне од Џенова.