Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека бил убеден во победата против Аталанта, иако неговиот тим имаше негатива од два гола во првото полувреме.
Солскјер на полувреме на своите избраници им кажал дека мора да постигнат само еден гол за да го натераат противникот на грешки и потоа да стигнат до три бода.
Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓
Норвежанецот по мечот имаше само пофални зборови за Кристиано Роналдо, кој го постигна победоносниот гол во 81-та минута.
„Ако некој помисли да го критикува Роналдо, тогаш нека го погледне овој меч. Ќе види колку се трудеше цело време. Секаде го имаше. Важни се и головите на Хари и Маркус, но Роналдо беше најдобар“, изјави Солскјер.