Њукасл ја започна потрагата по нов менаџер после отказот на Стив Брус.
Отказот на Англичанецот е очекуван уште пред две недели, кога пристигнаа нивите сопственици во Њукасл, кои сакаат етаблирано тренерско име.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Жозе Мурињо е едно од имињата кое се најде на листата на желби на Њукасл, но „Специјалниот“ потврди дека нема намера да ја напушти Рома.
„Њукасл? Одлучив да останам, не одам никаде. Потпишав тригодишен договор со Рома, имаме проект на кој работиме и не сакам да ги напуштам своите фудбалери“, изјави Мурињо.
José Mourinho to Sky Sport: “Newcastle job? I’ve decided to stay, I’m not leaving. I signed for three years project with Roma and I’m not gonna leave my players”. 🔴 #NUFC #ASRoma
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 20, 2021