Дома Топ вести Бензема: „Ел Класико“ и понатаму е најдобар натпревар на планетата

Бензема: „Ел Класико“ и понатаму е најдобар натпревар на планетата

Францускиот напаѓач Карим Бензема смета дека квалитетот на „Ел Класико“ не е намален.

Роналдо претходно го напушти Реал Мадрид, ова лето си замина и Серхио Рамос како и Меси од Барселона. Поради тоа многумина сметаат дека „Ел Класико“ оваа сезона ќе биде далеку послабо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За мене се остана исто. Ел Класико и понатаму е најдобриот натпревар на планетата. Не е важно кои играчи доаѓаат и си одат. Имињата се менуваат, претходно тука беа Зидан, Роналдињо, Ето, Роналдо…“.

Бензема ја коментираше и кризата во која се наоѓа Барселона.

„Во такви натпревари не се гледа формата, тоа се посебни натпревари во кои се е можно“, истакна Французинот.

После осум кола во Ла Лига, Реал Мадрид води на првенствената табела со 17 бодови. Барселона од друга страна е на 9-тото место со 12 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…