Дома Фудбал Италија Нов проблем за Милан: Тео Ернандез позитивен на ковид-19

Нов проблем за Милан: Тео Ернандез позитивен на ковид-19

Пред новите предизвици во Италија екипата на Милан се соочува со проблеми.

Вчера стана јасно дека првиот голман Мајк Мањан ќе мора да оди на операција и некој период ќе биде надвор од терените. Денес стигна веста дека дефанзивецот Тео Ернандез добил позитивен ковид-19 тест.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан ја информираше јавноста дека Ернандез бил позитивен на последните испитувања откако се вратил од репрезентативните обврски за Франција во Лигата на Нации каде што оваа селекција играше со Белгија и Шпанија. Ернандез во освојувањето на завршниот турнир учествуваше со еден гол и една асистенција.

Секако дека е ова удар за Милан затоа што Тео Ернандез со своите настапи во последно време важи за еден од најдобрите на својата позиција во светот. Ќе потсетиме, претходно во француската репрезентација позитивен беше и Адриен Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…