Дома Топ вести Мурињо го отпиша. Големо европско име оди во Турција.

Мурињо го отпиша. Големо европско име оди во Турција.

Маруан Фелаини најверојатно ќе ја продолжи својата кариера во Туриција, во екипата на Галатасарај.

Од турскиот великан потврдија дека преговараат со Манчестер Јунајтед и белгискиот играч а турските медиуми одат подалеку и тврдат дека се е договорено и Фелаини наскоро треба да пристигне во Истанбул на лекарски прегледи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


“Да вистина е. Преговараме со Фелаини, на нашата екипа и треба таков играч. Блиску сме до договор”- изјави спортскиот директор
на Галатасарај Ченк Ергун.

Фелаини е 17. најскапо засилување во историјата на Манчестер Јунајтед но очигледно не се вклопува во идните планови на Жозе Мурињо. Португалецот сака да направи место Немања Матич од Челзи за кој е заинтересиран подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…