Реал Мадрид го одигра најлошиот натпревар во сезоната против Еспањол и го запиша првиот пораз во Ла Лига.
Уште еднаш се видоа лимитите во дефанзива на тимот на Анчелоти. Начо и Милитао одиграа лош натпревар, а кога Алаба игра лево, дупката во одбрана е голема.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Медиумите сметаат дека е потребен стопер, а се шпекулира дека Реал веќе работи на трансферот на Пау Торес од Виљареал.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.
Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.