„Газета дело Спорт“ пренесува дека главна трансфер цел на ПСЖ следното лето ќе биде норвешкиот голгетер, Ерлинг Халанд.
„Светците“ веќе стапиле во конатакт со неговиот менаџер Мино Раиола, кој ги шокирал со своите барања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раиола побарал годишна плата од 50 милиони евра за својот клиент, а притоа клубот треба да плати висока провизија за него и таткото на Халанд.
На агентот во прилог му оди фактот што Халанд следното лето ќе биде достапен за „само“ 75 милиони евра, па клубот што го сака ќе мора да му гарантира астрономска плата.