Дома Топ вести Алегри го „пречкрта“: Еден од најплатените играчи го напушта Јувентус

Алегри го „пречкрта“: Еден од најплатените играчи го напушта Јувентус

Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи откажал неколку понуди ова лето бидејќи сакал да остане во Јувентус.

Клубот имаше желба да се раздели со Велшанецот, а неколку клубови од Англија покажаа конкретен интерес за него.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


30-годишниот Рамзи има договор со Јувентус на уште две години и реши да остане во Торино и да се бори за место во тимот.

Меѓутоа, Алегри го „пречкрта“, не смета повеќе на него и јасно му порачал дека слободно може да си бара нов клуб во јануари.

Рамзи е еден од најплатените играчи на Јувентус со годишна плата од 8 милиони евра, па „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од него.

Интерес за Велшанецот покажуваат Вест Хем, Евертон и Тотенхем, па најверојатно ќе се врати во Премиер лигата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…