26-годишниот Сенегалец М’Баје Нијанг потпиша за Бордо како слободен играч.
Со екипата на Бордо Нијанг се обврза на соработка до 2023 година, а има можност договорот да биде продолжен и на уште една сезона. Во францускиот тим ќе настапува со дресо со број 23.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во минатото Нијанг на големата сцена се појави во дресот на Милан, се најавуваше како голема надеж на овој тим, но не ги оправда очекувањата. Покрај Милан настапуваше за Каен, Монпелје, Џенова, Вотфорд, Торино, Рен и Ал-Ахли.



