Дома Актуелно Сребрен медал и две 4.-ти места за ВМ Гавриловски во 9.-от Светскиот куп на ФИДЕ 2021

Сребрен медал и две 4.-ти места за ВМ Гавриловски во 9.-от Светскиот куп на ФИДЕ 2021

Македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции (ШК) Зоран Гавриловски во 9.-от Светски куп (СК) на ФИДЕ за составување на ШК 2021 освои сребрен медал во групата матови во два потега и две 4. места во групите матови во 3 потези и во 4 и повеќе потези.

Резултатите од 9. СК на ФИДЕ (Меѓународна шаховска федерација) се објавени на веб страната на ФИДЕ (https://www.fide.com/news/1345)  и на веб страната на Светската Федерација за шаховски композиции (www.wfcc.ch), на чиј 63.-ти конгрес во октомври 2021 г. во Родос (Грција) ќе бидат врачени медалите за 9.-от СК 2021, но и за 8.-от СК 2020 кога Гавриловски освои две бронзени медали (нему претходно му беа дадени бронзен медал за 3.-от СК 2013 и златен медал за 4.-от СК 2015).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најуспешни на 9.-от СК 2021 се шаховските композитори од Русија со 5 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал, пред Украина со 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен медал. Најдобар учесник во 9.-от СК 2021 е рускиот ВМ за ШК  Евгениј Фомичев со две златни медали. Во СК на ФИДЕ 2021 учествуваше и нашиот ФИДЕ мајстор Бошко Милошески.

Зоран Гавриловски

2. награда, 9.-ти Светски куп на ФИДЕ 2021

   Мат во два потега

Обиди: 1.Дб7? Сф4!; 1.Тх5? С:д3!; 1.Л:а6? Т:ц5!: 1.Лб5? К:ц5!. Решение: 1.Лд5! (2.Д:ц3 мат), 1…Т:ц5 2.Лф6 мат, 1…К:ц5 2.Дб4 мат, 1…С:а4, Сд1, Сц4 2.Д(:)ц4 мат, 1…Лц3~ 2.Лф6 мат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…