Дома Топ вести Јунајтед не се откажува, спреми нова астрономска понуда за Погба

Јунајтед не се откажува, спреми нова астрономска понуда за Погба

Пол Погба на маса има понуда да стане најплатен играч во Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ прават се за да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ му понудиле 5-годишен договор според кој Погба ќе стане најплатен фудбалер во Премиер лигата и ќе заработува 24 милиони фунти по сезона.

ПСЖ покажува сериозен интерес за Французинот и сака да го донесе без обештетување, но Јунајтед ќе се обиде да го задржи со плата од 470.000 фунти неделно.

Англиските медиуми пренесуваат дека ова е последен обид на Манчестер Јунајтед, а Погба во следните недели треба да даде одговор на понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …