Дома Трансфер зона ПСЖ го сака Кеси, му нуди трампа на Милан

ПСЖ го сака Кеси, му нуди трампа на Милан

Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, а „росонерите“ не сакаат да го загубат фудбалерот без обештетување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.

Силен интерес за играчот за врска покажува Пари Сент Жермен, кој сака да го донесе Кеси уште во зимскиот преоден рок.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини и Леонардо стапиле во контакт и дека започнале преговори за трампа во јануари.

Милан не сака да го загуби Кеси без обештетување, а ПСЖ го нуди Паредес во замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…