Младата ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака може да го напушти „Емирати“ следното лето.
Интерес за 20-годишниот крилен напаѓач покажуваат Атлетико Мадрид и Јувентус, пренесуваат англиските медиуми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсенал е спремен да слушне понуди за младата ѕвезда, но не помали од 50 милиони евра. Сака е дете на лондонскиот клуб каде игра од осумгодишна возраст, оваа сезона запиша 6 настапи и постигна 1 гол.
Веќе е стандарден англиски репрезентативец и важи за еден од најголемите таленти во Европа, па „јорганџиите“ и „бјанконерите“ ќе се борат за неговиот потпис.