Дома Топ вести Барселона спрема трансфер „бомба“

Барселона спрема трансфер „бомба“

Барселона спрема богата понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг во јануари, пренесува каталонски „Спорт“.

Стерлинг од почетокот на новата сезона го загуби статусот на „недопирлив“ кај Гвардиолам и размислува да ја промени средината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона после заминувањето на Меси и Гризман е во потрага по нова ѕвезда во нападот, а прва желба е токму Стерлинг.

Барса уште во летниот преоден рок го сакаше Стерлинг и тогаш спортскиот директор Алемани патуваше во Англија за да преговара за евентуален трансфер.

Поради лошата финансиска ситуација Каталонците не беа во можност да го комплетираат трансферот, но сега откако го растеретија буџетот за плати, повторно ќе се обидат да го донесат Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…