Милан ова лето го откупи договорот на Факијо Томори од Челзи за 28 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Томори во јануари простигна на позајмица од Челзи и веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Милан имаше опција да го откупи за 28 милиони евра и „росонерите“ без размислување го откупија дефанзивецот.
Томори се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, а синоќа на „Енфилд“ одигра маестрална партија.
Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и се кае што го продаде Томори, па сега е спремен да понуди 55 милиони евра за да го врати на „Стенфорд Бриџ“.
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.