Дома Фудбал Лига на шампиони Пандев: Не знам дали Интер сезонава е подобар, Милан заслужено е во ЛШ

Пандев: Не знам дали Интер сезонава е подобар, Милан заслужено е во ЛШ

Вечерва се играат натпревари во Лигата на шампионите, а во најавната емисија на Арена Спорт вклучување и Горан Пандев.

Македонска фудбалска легенда во краткото вклучувања зборуваше за неговиот поранешен клуб Интер кој вечерва игра со Реал Мадрид, но и за градскиот ривал Милан кој после долги години се врати во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знам дали Интер е подобар од минатата сезона, но има компактна екипа. Сигурно дека фали Хакими, фали Лукаку, изгубија на брзина и индивидуален квалитет, но со новите засилувања како екипа можеби и се подобри. Како колектив играат еден поинаков фудбал и би можеле да покажат добри настапи“

Зборуваше Пандев и за враќањето на Милан во Лигата на шампионите.

„Сите добро знаеме кој е Милан во европскиот фудбал, фалеше во Лигата на шампионите. Заслужено се тука, минатата сезона беа одлични во Серија А. Според мене може да изненаден во ЛШ. Како и да е добро е што се вратија“

„Со Мурињо останавме во контакт, се слушаме понекогаш и му посакувам среќа во Рома. Знам дека може да одигра голема сезона и да донесе радост на навивачите“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФФМ ќе отвои дисциплинска постапка против Шкупи!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на …