Дома Фудбал Германија Баерн и Горецка блиску до договор

Баерн и Горецка блиску до договор

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка влезе во последната година и веќе подолго време се водат преговори за продолжување на соработката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн сака да го задржи затоа што не сака нов случај Давид Алаба кој ова лето си замина бесплатно. Договорот на Горецка истекува на крајот на сезоната и тој во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.

Последните информации од Германија се дека двете страни се блиску до договор, па наскоро 26-годишниот плејмејкер ќе стави потпис на договор со Баерн до 2026 година.

Ова е одлична вест за Баварците бидејќи интерес за Горецка покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…