Дома Топ вести Баерн собори трансфер рекорд за малолетен фудбалер🎥

Баерн собори трансфер рекорд за малолетен фудбалер🎥

Еден од најталентирани хрватски фудбалери, 16-годишниот Ловро Звонарек, се пресели во редовите на германскиот гигант Баерн Минхен.

Младиот фудбалер потпиша професионален договор со германскиот шампион, а неговиот поранешен клуб Славен Белупо ќе добие околу два милиони евра, но доколку се исполнат бонусите трансферот може да достигне пет милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Баерн никогаш порано не платил таква сума за играч до 18 години. Звонарек ќе остане во Славен како играч на Баерн до крајот на сезоната, а следното лето ќе се пресели во Минхен.

„Баерн е еден од најголемите и најуспешните клубови во светот. Играњето овде, облечен во тој дрес ме прави горд, но исто така ме тера да продолжам да работам на себе секој ден”, изјави Звонарек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…