Дома Останати Пити е нов носител на светскиот рекорд на 50 метри градно

Пити е нов носител на светскиот рекорд на 50 метри градно

Британецот Адам Пити го собори светскиот рекорд на 50 метри градно на Светското првенство во Будимпешта.

Пити, во квалификациите на Светското првенство во пливање, оваа делница ја мина со време 26,10 секунди, што е за три десетинки побрзо од неговиот претходен рекорд поставен во 2015 година.

Второто време во квалификациите го забележа Јужноафриканецот Камерон ван дер Бург (26,56 секунди), а трет беше Бразилецот Жоао Гомеш Жуниор (26,67).

Пити во понеделникот ја одбрани титулата на 100 метри градно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…