Дома Топ вести ПСЖ го доведе Меси, Јунајтед Роналдо, Сити Грилиш, Челзи Лукаку, а најмногу потроши – Арсенал!

ПСЖ го доведе Меси, Јунајтед Роналдо, Сити Грилиш, Челзи Лукаку, а најмногу потроши – Арсенал!

До крајот на преодниот рок останаа уште три дена, а и да заврши денес веќе тоа ќе биде најспектакуларниот трансфер во историјата.

Лионел Меси и Кристиано Роналдо во ист преоден рок ги променија клубовите, ПСЖ направи вистински бум, но уште неколку екипи доведоа вистински ѕвезди. До крајот на преодниот рок може да се случи и Мбапе да го засили Реал Мадрид.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Апсолутен победник во преодниот рок е ПСЖ кој ова лето потроши 76 милиони евра купувајќи ги Хакими за 60 и Данило Переира за 16, а бесплатно ги доведоа Вајналдум, Донарума, Меси, Рамос.

Манчестер Јунајтед потроши 150 милиони евра и ќе со Роналдо, Санчо, Варан ќе има големи амбиции сезонава.

Сити летово на нови играчи потроши 127.5 милиони евра. Го доведоа Грилиш од Астон Вила за 117.5 милиони, а десет дадоа за 18-годишниот Бразилец Кајкјо, додека Челзи го купи само Лукаку за 115 милиони евра. До крајот на преодниот рок можеби ќе потрошат уште околу 60 за Кунде.

И кога се ќе се собере најчудно е што до овој момент најмногу потроши – Арсенал – 147.5 милиони евра. За стоперот на Брајтон Бен Вајт платија 58.5 милиони евра, за 35 го откупија Одегард од Реал Мадрид, а за 28 го доведоа голманот на Шефилд Арон Рамсдајл. Од Андерлехт пристигна Локонг за 17.5 милиони, додека Нуно Тавареш на Бенфика беше платен осум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…